Австралија
Во пристаниште кај Сиднеј пронајдени 2 тона метамфетамин
26.08.2022 09:59
Австралиската полиција заплени речиси два тона метамфетамин што е речиси најголемата заплена на наркотици во историјата на земјата...

Австралиската полиција заплени речиси два тона метамфетамин што е речиси најголемата заплена на наркотици во историјата на земјата.
Дрогата е пронајдена во пристаништето во Сиднеј, скриена во мермер. Според полицијата нејзината улична вредност изнесува повеќе од 1,1 милијарда евра. Уапсени се тројца мажи кои наводно увезувале дрога од блискиот исток.
