Се уште не се вклучени реакторите на нуклеарката
Нуклеарната централа Запорожје повторно има електрична енергија, но ниту еден од 6-те реактори не е вклучен. Киев обвинува дека струјата со часови била прекината поради руски гранатирања во областа. Светот за влакно избегна катастрофа – предупреди украинскиот претседател Зеленски. Кремљ демантира. Ги обвини украинските сили дека предизвикале шумски пожар во близина на централата...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека светот за влакно избегнал катастрофа со радијација, бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руското гранатирање во областа, што Москва го негираше.
„Линијата за враќање на електричната енергија на станицата во украинскиот електроенергетски систем беше оштетена од руското гранатирање. Дизел генераторите беа веднаш активирани за да обезбедат енергија на самата станица, за да ја поддржат по исклучувањето. Светот мора да разбере каква закана е ова. Русија ги доведе Украинаукраинаи сите европејци во ситуација на чекор од катастрофа со радијација“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека тоа е прво целосно затемнување на централата. Сите шест реактори на нуклеарката останаа исклучени од украинската електрична мрежа.
Според Украина ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е „исклучително опасна“.
„Од моментот кога Русија пристигна, Украина, Европа и светот се на работ на нуклеарна катастрофа од незамисливи размери. Сè додека Русија е присутна во нуклеарната централа во Запорожје, заканата од нуклеарна несреќа ќе биде исклучително висока“, изјави Дмитро Кулеба, украински министер за надворешни работи.
Белата куќа смета дека Русија треба да се согласи на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа.
„Русија треба да се согласи со демилитаризираната зона околу централата и да се согласи да дозволи меѓународна атомска посета на агенцијата за енергетика што е можно поскоро за да се провери безбедноста на системите“, изјави Карин Жан-Пјер, портпарол на Белата куќа.
Русија пак, ги обвини украинските вооружени сили за шумскиот пожар во близина на централата, истакнувајќи дека градовите во областа неколку часа биле без струја.
Марина Ристова
