Туризам

75% повеќе туристи во првите шест месеци

26.08.2022 13:07

Статистичките податоци покажуваат дека бројот на туристи во првите шест месеци од годинава е зголемен за 75 проценти, вели Љупчо Јаневски, првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Домашни туристи имало над 25 насто повеќе, а странски над 130 проценти. Јаневски очекува годинава да биде заокружена и со раст на девизниот прилив...

Не само спас туку и можност за раст гледа туризмот во зелената енергија. Во стратешкиот план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година, мисијата е да се надминат 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 430 милиони долари. Пред почетокот за најавената „тешка година“, Агенцијата со оптимистички прогнози.

„Можеби Македонија е меѓу земјите кои што ќе има брза транзиција во зелена енергија и се` повеќе хотелите ќе имаат зелени ѕвездички. Затоа, заедно со туристичката индустрија во наредниот период ќе предложиме на Владата одредени мерки заедно со Советот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Управниот одбор и туристичката индустрија и заеднички ќе помогнеме во ублажување на енергетската криза бидејќи на таков начин ќе овозможиме потпишување на повеќе аранжмани но со цени кои што е бидат во многу подобра позиција за разлика од 2022 година“, изјави Љупчо јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Оптимизмот оди до таму што во наредните две до три години се очекува туризмот да биде една од петте гранки кои што заедно во сегментот на Отворен Балкан ќе овозможи позитива во економијата. Директорот Јаневски вели дека по Ковид кризата туризмот закрепнува и се исполнуваат зацртаните цели.

„Предвидувањата за 2022 година според тоа како тече ќе бидат исполнети односно 2,6 милиони ноќевања и над 400 милиони долари од туристичката индустрија заедно со угостителството во македонската економија“, Љупчо јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Во планот за 2023 година стои и промоција на нови дестинации. Еден од проектите е „50 приказни за 50 македонски села“.

Катерина Топалова