Македонија

Средба на министерката за одбрана Петровска со новоименуваниот амбасадор на Косово Ќехаја

26.08.2022 13:35

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со новопоставениот амбасадор на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, со кого разговараше за развојот на билатералната одбранбена соработка, како и за регионалната стабилност и безбедност...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со новопоставениот амбасадор на Косово во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, со кого разговараше за развојот на билатералната одбранбена соработка, како и за регионалната стабилност и безбедност.

„Северна Македонија е силно посветена на регионалниот мир и безбедност – факт кој може да се види преку учеството на припадници на Армијата во рамките на НАТО мисијата на Косово, КФОР, како и учеството во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР АЛТЕА“, рече министерката Петровска.

Министерката на средбата се осврна и на Планот за билатерална соработка кој вклучува 18 активности и кој предвидува соработка на полето на военото образование и тоа преку студирањето на питомец од Косово на Воената академија, како и експертски разговори во повеќе области и заеднички вежби и обуки.

Амбасадорот Ќехаја изрази благодарност за средбата и порача дека Косово е посветено на одбранбената соработка со Северна Македонија.

Двете земји го обновија Меморандумот за соработка во април годинава, а во 2021 година потпишаа и Меморандум за разбирање во доменот на односите со јавноста и справувањето со лажните вести и дезинформациите.