Евроинтеграции

Ковачевски: Уставните измени се услов за отворањето поглавја

26.08.2022 15:09

Сите 120 пратеници да бидат на ниво на задачата и да ги поддржат евроинтеграциите, повика премиерот Ковачевски. Додава дека членството во ЕУ е стратешка цел и немаме друга алтернатива. ВМРО-ДПМНЕ неколкупати досега предупреди – под вакви околности нема поддршка за уставните измени...

Сите 120 пратеници да бидат на ниво на задачата и да ги поддржат евроинтеграциите, повика премиерот Ковачевски. Тој побараа поддршка за уставните измени, кои треба да се направат до завршувањето на скринингот за отворање на поглавјата. Со нив во преамбулата треба да се внесат бугарите и други заедници.

Членството во ЕУ е стратешка цел од формирањето на државата и немаме друга алтернатива, како што заговараат некои пратеници од опозицијата, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ неколкупати досега предупреди дека под вакви околности нема поддршка за уставните измени. Мицкоски побара по одморите веднаш да се закажа седница, па ако власта нема 80 гласа, веднаш да се организираат предвремени парламентарни избори. Опозицијата најави и референдумско изјаснување.

Во меѓувреме, преговарачките тимови со ЕУ се веќе подготвени за во средината на септември и официјално да се сретнат со европските преговарачи во Брисел. Според процените на владата, скринингот ќе биде меѓу најбрзите и ќе трае 14-16 месеци.

Ирина Гелевска