Влада

Дополнителни два денари поддршка за лозарите

26.08.2022 15:23

Дополнителни два денара поддршка за лозарите за предадено грозје, беше договорено на средбата меѓу претставниците на владата, лозарите и винариите. Дел од лозарите незадоволни, велат едвај ќе успеат да ги платат трошоците за производство...

Лозарите ќе добијат уште два денари плус поддршка за секој килограм откупено грозје, додаток на цената на смедеревката која ќе се дава за 13, а вранецот за 15 денари. Ова е договорено на средбата меѓу претставници на Владата, лозарите и винарниците.

Лозарите велат дека се соочуваат со голем предизвици и оти стравуваат дека и со оваа цена, едвај ќе успеат да ги платат трошоците за производство за да останат пари за живејачка.

Од Владата велат дека се постигнати историски највисоки откупни цени, за 30 проценти повисока од лани. Ако на ова се додадат и субвенциите од 40 илјади денари за одржување на лозовите насади, постигнатата цена на грозјето е 18 денари за смедеревка и 20 за вранец – велат од Владата.

Од Владата вели дека покрај оваа поддршка е воведена и нова мерка за зелена нафта – 4300 денари за хектар што, според нив, е рекорд и сериозна поддршка на секторот.

Анита Димитријевска Велковска