Свет

Турција, Шведска и Финска за предусловите во НАТО

26.08.2022 15:59

Претставници на Турција, Финска и Шведска на разговори за безбедносните грижи што Анкара ги покрена како предуслов за влез на двете земји во НАТО...

Претставници на Турција, Финска и Шведска на разговори за безбедносните грижи што Анкара ги покрена како предуслов за влез на двете земји во НАТО.

Средбата се одржува на непозната локација поради, како што соопшти Министерството за надворешни на Финска, безбедносни причини. Целта на средбата се воспоставување контакти и поставување цели за соработка, за што трите земји потпишаа меморандум на самитот на НАТО во Мадрид на крајот од јуни.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во Алијансата, како одговор на руската инвазија во Украина, но се соочија со противење од Турција која ги обвини за воведувањето ембарго за испорака на оружје на Анкара и поддршката на организациите кои таа ги смета за терористички.