Антиќ и Атланта со победа во плеј - офот!
Во дебитанската сезона, македонскиот кошаркар Перо Антиќ ќе ја почувствува вистинската НБА. Почнува плеј – офот во којшто Атланта како осма во западната конференција ќе игра со најдобарата екипа на „истокот“, Индијана против која сезонава има ефект 2:2. Иако последниот лигашки меч не и значеше ништо, Атланта славеше на гостувањето кај најслабата екипа во лигата, Милвоки со 111:103. За нашто повеќе од 19 минути на паркетот, Антиќ реализираше осум поени, четири скока и по две асистенции и украдени топки.

Во единствениот од петнаесете ноќешни натпревари што можеше нешто да смени, Мемфис во директната пресметка за седмото место во западната конференција го совлада Далас со 106:105 и тоа по продолжение. Со овој триумф за кој најзаслужен беше Зек Рендолф со 27 поени и 14 скока, „Гризлис“ го избегнаа најуспешниот тим во лигата Сан Антонио во првото коло од доигрувањето.
Плеј – офот со којшто се вели дека почнува вистинската НБА, ќе стартува в сабота. Екипите што ќе бидат домаќини во првите мечеви во серијата со максимум седум дуели, ќе ја имаат предноста на својот паркет во евентуалните „мајсторки“. Трите тима со најдобар биланс се од западната конференција. Сан Антони ќе игра со Далас против кого славеше во сите четири дуели сезонава. Оклахома против првиот противник во доигрувањето Мемфис има 3:1. Клиперс и Голден Стејт победија по двапати во меѓусебните пресметки, додека Хјустон има 3:1 против Портланд.
На „истокот“, покрај дуелот Индијана – Атланта (2:2), шампионот Мајами триумфираше во четирите натпревари со Шарлот. Билансот 2:2 најавува интересна серија меѓу Торонто и Бруклин, додека најмалку мечеви во лигашкиот дел од сезоната, три одиграа Чикаго и Вашингтон. „Булс“ славеа двапати, „Визардс“ еднаш.
Плеј - од двојки (прво коло):
Западна конференција:
Сан Антонио (1) - Далас (8) (4:0)
Оклахома (2) - Мемфис (7) (3:1)
Клиперс (3) - Голден Стејт (6) (2:2)
Хјустон (4) - Портланд (5) (3:1)
Источна конференција:
Индијана (1) - Атланта (8) (2:2)
Мајами (2) - Шарлот (7) (4:0)
Торонто (3) - Бруклин (6) (2:2)
Чикаго (4) - Вашингтон (5) (2:1)
Резултати (ноќешни натпревари):
Шарлот - Чикаго 91:86 пр.
Орландо - Индијана 86:101
Бостон - Вашингтон 102:118
Кливленд - Бруклин 114:85
Мемфис - Далас 106:105 пр.
Мајами - Филаделфија 87:100
Милвоки - Атланта 103:111
Минесота - Јута 130:136 пр.
Њу Орленас - Хјустон 105:100
Њујорк - Торонто 95:92
Оклахома - Детроит 112:111
Сан Антони - ЛА Лејкерс 100:113
Девера - Голден Стејт 112:116
Порталнд - ЛА Клиперс 110:104
Сакраменто - Феникс 99:104