Николоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат уставните измени
Власта нема поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени и дека истите ќе паднат во Собранието, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во интервју за национална телевизија...

Власта нема поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени и дека истите ќе паднат во Собранието, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во интервју за национална телевизија.
„Претседателот на партијата Мицкоски јасно кажа уште некаде пред две недели дека власта има два избори, едниот избор е да го пушти предлогот во Собрание и да види дали има или нема поддршка односно нема поддршка за уставни измени. И затоа што нема поддршка власта за уставни измени, да се организираат предвремени парламентарни избори. Така што еве ја повикувам власта нека го пуштат овој предлог во Собрание да видат дека немаат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите за уставни измени ќе паднат во Собранието и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори затоа што власта е делегитимирана и на ниеден начин не може оваа коалиција на СДСМ и ДУИ да остане на власт, затоа што направија национално понижување на македонскиот народ. А, во моментов целиот народ гледа и каква економска катастрофа надоаѓа во цела Македонија со почетокот на есента“, рече Николоски.
Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува на планот за тоа да народот каже на референдум што мисли по однос на спорниот предлог и што мисли по однос на промената на македонскиот јазик, македонската историја, култура и самобитноста на македонскиот народ.
