Русија блокираше договор за неширење на нуклеарно оружје
Русија го блокираше усвојувањето на заедничката завршна декларација на 10. Конференција на ОН за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје...

Русија го блокираше усвојувањето на заедничката завршна декларација на 10. Конференција на ОН за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје. Четиринеделниот форум, што заврши вчера во Њујорк, требаше да постави обврзувачки рокови за елиминација на нуклеарното оружје на глобално ниво.
„Русија е причината што нема консензус. Промената којашто ја бараше во последен миг не е од минорен карактер. Наменета е да ја штити очигледната намера на Русија да ја избрише Украина од мапата“, изјави Адам Шајнман, специјален претставник на САД.
Според руската страна, нацрт-документот содржи многу спорни прашања.
„Нашата делегација е подготвена за конструктивна работа. Ако постои таква желба, подготвени сме да седиме и подолго овде, и да се обидеме за да најдеме заеднички јазик. Но бидејќи не постои, ние едноставно мораме да кажеме дека нема консензус, и дека делегации, а не само една, туку повеќе, не можат да подготват нацрт на она што беше претставено“, изјави Игор Вишневетцки, заменик-директор на Одделот за неширење и контрола на оружјето при руското МНР.
И натаму неизвесна безбедносната состојба околу најголемата нуклеарна централа во Европа лоцирана во Запорожје.
