Турција
Анкара: Шведска и Финска против тероризам
27.08.2022 09:50
Шведска и Финска потврдија дека се определени за борба против тероризмот – соопшти официјална Анкара по трилатералниот состанок во Финска посветен на влезот на овие две скандинавски земји во НАТО...

Шведска и Финска потврдија дека се определени за борба против тероризмот – соопшти официјална Анкара по трилатералниот состанок во Финска посветен на влезот на овие две скандинавски земји во НАТО.
Од средината на мај, Турција го блокира процесот бидејќи смета дека нордиската двојка ги штити борците на Курдската работничка партија и Единицата за народна заштита, кои според Анкара се терористички организации.
Дваесетина членки на НАТО веќе го ратификуваа барањето на Хелсинки и Стокхолм.
