Охрид
Конференција за стабилност на Западен Балкан
27.08.2022 10:13
Во Охрид почна четиридневната регионална конференција за улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан...

Во Охрид почна четиридневната регионална конференција за улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан.
Меѓу предавачите се професори од САД, од НАТО Колеџот во Рим, експерти и дипломати од областа на безбедноста од балканските држави и од ЕУ.
Теми на кои ќе се дебатира се стабилноста на Балканот и улогата на земјите од регионот, како и за украинските прашања и улогата на НАТО. Дел ќе се посвети во превенција од глобалната закана од тероризам, радикализација и мигрантско прашање.
