Азербејџан
Вратена контрола над клучен град во Нагорно-Карабах
27.08.2022 10:34
Азербејџан ја врати контролата врз Лачин, град од стратегиска важност во Нагорно-Карабах. За регионот води повеќедецениски спор со Ерменија...

Азербејџан ја врати контролата врз Лачин, град од стратегиска важност во Нагорно-Карабах. За регионот води повеќедецениски спор со Ерменија.
Судирите беа обновени на почетокот на месецов, две години по договорот за прекин на огнот склучен со посредство на Москва.
По шестнеделната војна во 2020 година, Азербејџан врати делови од Нагорно-Карабах и околните области кои со децении беа контролирани од сепаратистите поддржани од Ерменија.
