Либија

Судири во Триполи

27.08.2022 10:52

Движењето на командантот Тајури, кој е на страната на западната администрација во Либија, се судри со групите на Кикли, кој има поддршка од преодната влада на Триполи...

Насилство меѓу ривалски воени групи во центарот на Триполи. Движењето на командантот Тајури, кој е на страната на западната администрација во Либија, се судри со групите на Кикли, кој има поддршка од преодната влада на Триполи.

По смртта на долгогодишниот лидер Гадафи во 2011 година, земјата е поделена на ривалски администрации. Источната е поддржана од воениот командант Хифтер, а со Западот раководи влада поддржана од Обединетите Нации.