Османи со отчет за сработеното
Динамичен период, но, успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог. Шефот на дипломатијата реферираше за сработеното во изминатиот период. Во фокусот на неговата работа-надминување на спорот со Бугарија. За успех го истакна почетокот на пристапните преговори за членство. Се пожали од Милошоски за блокирање на нормалното функционирање на надворешната политика...

Поништување на декларацијата во Бугарија која беше пречка за почеток на македонската интеграција во ЕУ, за министерот Османи бил негов најголем предизвик, но и успех откако е на чело на македонската дипломатија. Презентирајќи го отчетот за сработеното рече дека биле преземени бројни билатерални и меѓународни активност кои значеле заживување на односите со Бугарија, a со тоа вели Османи се постигна решение односно таканаречениот „француски предлог“. Шефот на дипломатијата посочи и дека во тој процес имало и одредени цели, а тоа е македонскиот јазик во ниту една ситуација да не биде дел од преговарачката рамка. Османи убеден дека направил добра одлука.
Османи ги наведе и успесите во интензивирањето на односите со соседните држави. Со Грција вели се работи на отворање на два нови гранични премини, а државата влегува во терминалот на природен гас, со Србија решено е историското прашање за црквата, додека со Косово била одржана првата Меѓувладина седница. Со Албанија пак вели Османи сме партнери во процесот за пристапување кон Европската унија.
Министерот Османи вели дека сè уште не добил одговорот од претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски дали ќе закаже седница за одбрана на тезите на идните амбасадори. Според него станува збор за партиска агенда со која се блокира нормалното функционирање на надворешната политика.
Викторија Милевска
