Нови болници во 2014, станови за деца без родители и нови спортски сали

22.11.2013 16:50

Ќе се градат 5 нови болници наредната година

Ќе се градат 5 нови болници наредната година. Градбата на клинички ќе почне во првиот квартал. Децата без родители кои до својата 18 – година биле во институционална установа на пролет ќе се вселат во комплетно опремени станови. Најави премиерот Груевски. Клинички центар, пет – центарот и Козле во Скопје, и нови болници во Штип и Кичево. Пет нови болници низ Македонија ќе се градат во 2014. Ликот на Клинички центар ќе се менува од корен. Ќе се урне старата зграда на гинекологија, а на таа локација ќе се гради нов центар. Се модернизира и болницата во Козле. Градската болница 8 септември пак ќе добие нов центар за рано откривање на малигни заболувања.Тендерот за изградба на новиот Клинички ќе биде објавен во декември.  ,, Во моментов проектот се привршува и во декември очекуваме тендер за градба, а избраната компанија се надевам дека ќе почне да го гради новиот Клинички центар меѓу февруари и април. Финансиската конструкција е заокружена,, изјави претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски. Според Груевски, долг период во Македонија немало инвестиции во здравството како изминатите години, а не се водела ниту грижа за децата без родители. За да им обезбеди подобра иднина, државата ќе им дели нови станови. Напролет ќе се вселат во комплетно опремени 40 станови низ цела Макеодонија. Се работи и на нивно вработување.  ,,Донесовме е и закон со кој задолжително има квота на вработувања.Оваа година се вработија 83, минатата година исто така една посериозна бројка беа вработени,, ,, изјави претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски. Продолжува изградбата и на нови спортски сали. Денеска нова сала добија  учениците од основното училиште Гоце Делчев од Ново Лисиче.

Ана Јосифоска