ДЗСИ

ДЗСИ врши надзори во сите медицински установи каде починатото момче од Берово побарало помош

27.08.2022 16:24

Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор во клиничката болница во Штип, да се утврди дали имало медицинска грешка во лекувањето на 25 годишниот пациент од Берово кој почина по интервенција на заб...

Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор во клиничката болница во Штип, да се утврди дали имало медицинска грешка во лекувањето на 25 годишниот пациент од Берово кој почина по интервенција на заб.

Од Државниот инспекторат за МТВ велат дека сега се вршат вонредени инспекциски надзори во сите матични установи каде пациентот побарал лекарска помош – матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзана со лекувањето на пациентот.

„Вонредниот инспекциски надзор за лицето ЈД е сè уште во тек. Истиот продолжува во другите здравствени установи каде што лицето е третирано“, изјави Ирина Сотировска Бухова, директорка на Државниот Здравствен и санитарен инспекторат.

„По завршувањето на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани“, велат од ДЗСИ.

Вчера, по налог на јавен обвинител, телото на момчето беше ексхумирано и предадено на обдукција на Судска медицина.

Игор Панов