Македонија
Матичните лекари најавија штрајк, нема да издаваат упати и рецепти
27.08.2022 19:16
Матичните лекари со протест на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања – одлучи Управниот одбор на здружението на приватни лекари...

Матичните лекари со протест на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања – одлучи Управниот одбор на здружението на приватни лекари. На 5,6 и 7 септември нема да издаваат рецепти, ниту ќе закажуваат прегледи на Мој термин.
Повеќе пари на сметка, односно зголемување на капитацискиот бод и пациенти на приватните здравствени установи се едни од главните барања на матичните, кои како што велат од февруари кога ги доставиле досега не добиле конкретно решение.
