Македонија

Притвор од 8 дена за албански државјанин поради мито на Блаце

27.08.2022 18:30

Осум дена притвор доби државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – давање поткуп, соопшти обвинителството...

Осум дена притвор доби државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – давање поткуп, соопшти обвинителството. Осомничениот, на 2-ти август, пристигнал на граничниот премин „Долно Блаце“, како заменски возач во автобус со албански регистарски ознаки кој требало да транзитира низ земјава.

На полициски службеник му дал 50 евра со цел да го поткупи за да не изврши пасошка контрола која на патниците кои се превезувале со автобусот. Настанот бил снимен со боди камера на полицаецот, а осомничениот веднаш бил лишен од слобода.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор.