Регион
Белград и Приштина постигнаа договор за документите
27.08.2022 19:44
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека е постигнат договор за документите во дијалогот меѓу Белград и Приштина...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека е постигнат договор за документите во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти. „Европската унија штотуку доби гаранции од премиерот Курти за таа цел. Ова е европско решение. Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борел.
