Македонија

Трескавец чека забрзана заштита, особено црквата

28.08.2022 09:07

Македонските научници алармираа, институциите одговорија – догодина интензивно ќе се заштитува културното наследство на Трескавец, особено црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која е во опасност од уривање поради подземните води и атмосферските влијанија...

Обемни зафати и проект за конзервација со ангажирање домашни и странски стручњаци за заштита на комплексот Трескавец како светска оставина, особено за спас на црквата „Успение на пресвета Богородица“. Ваков одговор добиле македонските научници од Министерството за култура и од МПЦ откако пред три месеци остро реагираа, алармирајќи дека неповратно може да се уништи, особено црквата.

Вербата е дека институциите ќе го направат најавеното, во спротивно срамот е голем пред светот. Предупредија дека Црквата може да се урне поради подземни води и атмосферски влијанија.

Манастирот Трескавец од 12 век го одбележува својот ден – Успение на Пресвета Богородица. За водоводот кој треба да обезбеди технички прием за новите конаци, локалните власти велат дека документацијата чека ревизија до 12-ти септември, за потоа да добие дозвола за градба.

Елизабета Митреска