Струмица

Доцни реконструкцијата на поројот „Крушевска Република“

28.08.2022 09:18

Доцни реконструкцијата на поројот во Струмица. Активностите на терен создаваат дополнителни проблеми на струмичани...

Струмичани со реакција за забавените активности на реконструкцијата на најголемиот порој „Крушевска Република“ во Струмица. Велат дека најголем проблем им се дупките по улиците од двете страни кои останаа незакрпени после реконструкцијата на каналот.

Градоначалникот Костадинов дециден дека во најскоро време повторно ќе се отпочне со активности на терен со цел ревитализација на улиците како и финиширање на првата фаза од проектот за целосна реконструкција на истиот кој е во должина од 3 километри.

Со оглед дека станува збор за отворен канал кој честопати знаеше да се излее во долниот дел од градот заради надојдени води, по направените детални анализи беше одлучено каналот да биде затворен, со можност истиот да ги прифаќа водите под затворениот дел. Според првичниот договор, реализацијата на првата фаза е да се реконструира делница од околу 580 метри по што ќе се пристапи кон реализација и на останатиот отворен канал од „Крушевска“. Досега општината потроши околу пола милион евра за истиот.

Стојне Митева