Несекојдневна глетка по завршувањето на финалето на Кралскиот Куп

Роналдо го тешеше Меси !

17.04.2014 13:48

Неколку секунди штом ја „улови“ некој од среќните фоторепортери, фотографијата го обиколи светот и ги пламна социјалните мрежи. Сигурно ќе биде меѓу сликите коишто ќе ја обележат оваа 2014.

Ретки биле досега ваквите срдечни заеднички мигови на двајцата најдобри фудбалери на планетата. Кристијано Роналдо и Лионел Меси се најдоа во речиси пријателска прегратка на теренот на „Местаља“ во Валенсија, набрзо по завршувањето на финалето на Кралскиот Куп.

Роналдо го пропушти најновото Ел Класико, а Меси продолжи со бледите изданија и  беше речиси незабележлив на теренот и на овој меч на којшто Реал Мадрид го освои пехарот по триумфот над Барселона од 2-1. Нетипично за нивната конкурентност и за речиси децениското докажување кој е повисоко на врвот, фотографијата најдобро илустрира дека наспроти острото и бескомпромисно ривалство, меѓу двете фудбалски суперѕвезди сепак постои и огромна доза почит и топлина.

И Кристијано и Лео се, сепак, само луѓе.