Тетово

Запуштена инфраструктура во стариот дел на Тетово

28.08.2022 09:26

Запоставен стариот дел на Тетово. Со затнати канализациски мрежи и сообраќајна инфраструктура, оставена на забот на времето. Градските власти повторно со ветување дека ќе интервенираат во овој дел на Тетово...

Се работи за сообраќајница која ги поврзува половина од населбите од стариот дел на Тетово. Во најкатострофална состојба е главната делница Гоце Делчев. И покрај апелите на мештаните, општинските власти немаат преземено сериозни чекори за оваа инфраструктура, која се распаѓа, после секој пороен дожд.

Сообраќајницата ги поврзува и дел од Шарпланинските села. Возачите се жалат, велат секој месец автомобилите со нов дефект.

Во лоша состојба се и канализациските мрежи, кои често пати се затнати.

Од Општина Тетово истакнаа дека во план е уредување на калдрмата во стариот дел на Тетово, со цел да не се изгуби автентичноста на овие населби, а ќе се преземат и чекори за чистење на канализациски мрежи.

Зоран Димовски