Руско-Украински конфликт

Путин потпиша указ: Финансиска помош за бегалците од Украина

28.08.2022 09:57

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за финансиски бенефиции за луѓето кои ја напуштаат Украина. Секој што ќе пристигне во Русија од Доњецк и Луганск ќе добие по 10.000 рубли...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за финансиски бенефиции за луѓето кои ја напуштаат Украина. Секој што ќе пристигне во Русија од Доњецк и Луганск ќе добие по 10.000 рубли. Москва ги призна како независни овие региони.

Во меѓувреме, Русија му достави на Советот за безбедност на ОН презентација од Министерството за одбрана за гранатирање на запорошката нуклеарна централа од страна на украинските сили на 25-ти август. Нивото на радијација е проценето во границите на нормалата. Но властите во Запорожје прават план за евакуација бидејќи, според нив, електраната од 18-ти јули е секојдневна мета на напади од територии кои се под контрола на Киев.