Либија

Жртви во судирите во Триполи

28.08.2022 09:57

Повредени се речиси 100 лица, а 64 семејства биле евакуирани од критичната област...

Најмалку 13 цивили загинаа во судирите во главниот град на Либија меѓу силите кои поддржуваат две ривалски администрации. Повредени се речиси 100 лица, а 64 семејства биле евакуирани од критичната област.

Општинскиот совет на Триполи ја обвини владејачката политичка класа за влошувањето на ситуацијата во главниот град и ја повика Меѓународната заедница да ги заштити цивилите во оваа северноафриканска земја. Судирот се случи меѓу Револуционерната бригада на Триполи, предводена од Хајтам Таџури, и силите кои се во сојуз со Абдел-Гани ал-Кикли.