Тајван

Американски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец

28.08.2022 09:58

Два воени брода на американската морнарица пловат низ меѓународните води во Тајванскиот теснец, прв пат по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван...

Два воени брода на американската морнарица пловат низ меѓународните води во Тајванскиот теснец, прв пат по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Како одговор на потегот на Вашингтон, Кина започна воени вежби во близина на островот на почетокот на август. Пекинг тврди дека САД се мешаат во внатрешните работи на Кина бидејќи Тајван го смета за свој територијален дел.