Хрватска

Апсења во Хрватска поради злоупотреби и перење пари, и трговија со гас

28.08.2022 09:59

Осомничените купувале поевтин природен гас од хрватската компанија „ИНА“ и потоа го препродавале за многу поскапа цена...

Апсења во Хрватска поради перење пари и трговија со гас. Осомничените купувале поевтин природен гас од хрватската компанија „ИНА“ и потоа го препродавале за многу поскапа цена. Меѓу другите, во аферата се вмешани и директорот на „ИНА“, Дамир Шкугор, претседателот на Хрватската адвокатска комора, Јосип Шурјак, и претседателката на управата на „Плинара Источна Славонија“, Марија Раткиќ.

Случајот е откриен откако кај таткото на првоосомничениот Шкугор биле најдени огромни суми на сметката на која ја добивал пензијата. Според проценките, „ИНА“ е оштетена за околу милијарда куни. Во акцијата на полицијата и Уредот за сузбивање на корупција и организираниот криминал се блокирани 800 милиони куни и удели во инвестициски фондови.