Македонија

Битола со уште еден меѓународен филмски фестивал

28.08.2022 12:29

Битола во првата половина на декември започнува со уште еден интернационален филмски фестивал. Овојпат се работи за долгометражни и документарни филмови каде главни актерски јунаци се животните. Во ексклузивната изјава за МТВ директорот на фестивалот Драги Петовски вели дека фестивалот ќе биде повеќедневен. Досега се пријавени 12 долгометражни филмови со тенденција бројката да се зголеми...

Сè уште не стивнале воздишките од фестивалот посветен на ликот и делото на Браќата Манаки, Битола става уште еден симбол на светската филмска мапа. Во првата половина на декември стартува првиот неколкудневен интернационален фестивал на долгометражни и документарни филмови во кој главни јунаци се животните ексклузивно за јавниот сервис соопшти директорот на фестивалот Драги Петровски. Главниот мотив вели произлегува од испочитувањето на преамбулата од десетиот конгрес на светската асоцијација за заштита на животните одржан во Париз и богатото битолски сиви на оваа тема.

Идејата вели доби поддршка од соодветните светски асоцијации а дека фестивалот ќе има успешен старт покажува и досега покажаниот интерес.

На првото издание се очекува да бидат прикажани и три документарни филмови меѓу кои и македонскиот „Рибата Мишко“. Петровски вели дека не за долго ќе бидат соопштени и останатите тела на фестивалот. Она што од сега може да се каже дека за почесни претседатели се предложени нашиот еминентен доктор Јовица Угриновски и неговата сопруга кој и ден денес даваат убав пример во развивањето на љубовта кон животните.

Стевче Митревски