Завршен хидросистем за наводнување
Во Општина Ранковце е пуштен во употреба нов систем за наводнување „Славишко Поле“. Со оваа инвестиција ќе бидат опфатени околу 250 хектари земјоделско земјиште. Премиерот Ковачевски очекува ваквите проекти да придонесат за одржливо земјоделство и зголемено домашно производство на храна...

Брзо, стабилно и редовно наводнување на земјоделските површини треба да обезбеди новиот систем „Славишко поле“ во Општина Ранковце. Инвестицијата вредна близу 1.8 милиони евра, ќе овозможи наводнување на 200 хектари земјоделско земјиште, кое го обработуваат 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци.
Првиот човек на македонската влада Ковачевски, вели инвестираме во капитални проекти во земјоделството, за одржливо и зголемено производство на храна. Тоа е приоритет особено во време на криза.
Тоа се мерки за зголемено производство на домашна храна, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, -рече Ковачевски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминатите пет години за изградба и реконструкција на брани и системи за наводнување вложило близу 230 милиони евра.
Се гради интензивно во Конопница, Пишица, Теарце, Сопот, Новаци и со делегацијата договаравме многу нови системи за наводнување во наредниот период-нагласи Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Системот „Славишко поле“, е финансиран од делегацијата на Европската Унија.
Системите за наводнување на носат само социоекономски придобивки, тие исто така помагаат да се заштити животната средина, штитејќи ги водните ресурси и искористувајќи ги на ефикасен начин-нагласи Феручио Бого, в.д. шеф на Делегацијата на ЕУ.
Инвестицијата е дел од проектот на ИПА за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, во повеќе региони во државата, чијашто вкупна вредност е околу 10 милиони евра.
Елена Георгиевска
