Свет
Кирби: Американските воени бродови не значат промена на политиката кон Кина
29.08.2022 10:37
Додаде дека присуството во меѓународните води е знак за подготвеноста да се обезбеди слободен и отворен Индопацифички регион.

„Американските воени бродови во Тајванскиот теснец не значат промена на политиката кон Кина“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.
Додаде дека присуството во меѓународните води е знак за подготвеноста да се обезбеди слободен и отворен Индопацифички регион.
Кина ги продолжи воените маневри околу Тајван кој го смета за своја територија. Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се зголемија по посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Пелоси на Тајпеј.
