Велика Британија
Над 25 илјади мигранти го преминале Ла Манш
29.08.2022 10:49
За 2022-ра година се очекува удвојување на бројот во однос на лани.

Британската влада тврди - годинава над 25 илјади мигранти го преминале Ла Манш. Само во саботата на британскиот брег пристигнале 915 лица кои се превезувале со 19 чамци.
За 2022-ра година се очекува удвојување на бројот во однос на лани.
Претходно, британската влада го објави контроверзниот план на Руанда за депортација на мигранти од Англискиот канал во централноафриканската земја каде што ќе бидат обработени нивните барања за азил.
Во тек е судска ревизија.
