Енергетска криза

Бугарија бара од „Газпром“ враќање на преговорите за гасот, се чека одговор од руската компанија

29.08.2022 11:18

Бугарското министерство ќе инсистира на промена на начинот на плаќање, како и продолжување на испораките до крајот на грејната сезона...

„Газпром“ се очекува да ѝ одговори на Бугарија дали ќе се вратат на преговарачката маса за обнова на испораките на гас во рамките на постојниот договор, што истекува на 31-ви декември.

Бугарското министерство ќе инсистира на промена на начинот на плаќање, како и продолжување на испораките до крајот на грејната сезона. Бугарија сака да ги интензивира разговорите за зголемување на испораките од терминалот „Александропулис“.

Граѓанското здружение „Боец“, пак, вечер на протест во Софија против евентуалното продолжување на преговорите меѓу Бугарија и руската компанија „Газпром“. Ќе бараат оставка од техничкиот министер за енергетика Румен Христов.