Свет
НАСА ќе ја лансира најмоќната ракета на Месечината
29.08.2022 12:06
За прв пат по 50 години, НАСА ќе ја лансира првата ракета што во иднина ќе може да носи и луѓе до и од Месечината...

За прв пат по 50 години, НАСА ќе ја лансира првата ракета што во иднина ќе може да носи и луѓе до и од Месечината.
Џиновската ракета, систем за вселенско лансирање „Артемис-1“ треба да полета од комплексот на НАСА, Кејп Канаверал, Флорид, со задача да ја однесе тест-капсулата „Орион“ далеку од земјата.
Вселенското летало, во кое место астронаути ќе бидат три кукли опремени со сензори, ќе кружи околу Месечината, пред да се врати на земјата за шест недели, кога треба да падне во Тихиот Океан.
