МВР: 502 санкции за брзо возење низ државата
Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 502 возачи.
Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 263 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 239 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
