Свет

Илјадници луѓе евакуирани поради можни поплави во Кина

29.08.2022 12:17

Властите од вчеравечер на побезбедни места веќе евакуираа 61 илјада лица од Сечуан, бидејќи во текот на ноќта врнеше силен дожд, јави државната телевизија.

Десетици илјади лица се евакуирани од Југозападна Кина во побезбедни области, бидејќи се проценува дека регионот што е погоден од топлотен бран и суша во поголемиот дел од летото, сега е во опасност од поплави поради обилните дождови.

Властите од вчеравечер на побезбедни места веќе евакуираа 61 илјада лица од Сечуан, бидејќи во текот на ноќта врнеше силен дожд, јави државната телевизија.

Во Чонг Кинг, мегаград изграден во ридско подрачје, за денеска и за утре е издадено предупредување за опасност од поплави.