Опаѓа интересот за вакцинација против Ковид-19
Граѓаните и натаму поделени во мислењето за ефикасноста. Некои се жалат и на нус-појави. Се боцка со „Фајзер“ и „Модерна“ …

Опаѓа интересот за вакцинација. На пунктот „Јане Сандански“ дневно се имунизираат околу 20 до 30 луѓе. На располагање се вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“. Мислењето за вакцините против Ковид-19 кај граѓаните поделено.
Лекарите апелираат на имунизација, особено за постарите и лицата со придружни болести и хронични заболувања.
Омикрон и неговите варијанти и подваријанти и натаму се присутни, а симптомите на болеста повторно се менуваат. Освен вообичаените, лекарите забележуваат и други симптоми, како дијареја, намалено излачување на урина и болки во градите.
Бројот на активни случаи заболени од Ковид-19 во моментов изнесува над 2.000. Најголем дел од нив се од Скопје.
Александра Спировска
