Македонија

РЕК Битола врши краткотрајно тестирање на постројка која е поддршка за блоковите

29.08.2022 13:00

Постројката работи на мазут, и во првите моменти од пуштачките операции има зголемено испуштање на чад и издувни гасови. По извршеното кусо тестирање, стартната котлара е повторно исклучена, соопштуваат од ЕСМ.

РЕК Битола врши повремено тестирање на постројката „стартна котлара“, чија намена е да дава поддршка на блоковите при потреба за зголемено количество водена пареа за турбините. Таква проверка на функционалноста е направена  денеска помеѓу 6.30 и 7.00 часот, при што е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент, за краткотрајно зголемување на снагата на блоковите во одредени куси периоди во текот на производниот процес.

Постројката работи на мазут, и во првите моменти од пуштачките операции има зголемено испуштање на чад и издувни гасови. По извршеното кусо тестирање, стартната котлара е повторно исклучена, соопштуваат од ЕСМ.

АД ЕСМ вложува максимално напори за работење по сите стандарди, во услови кога производството на електрична енергија од јаглен и мазут во услови на енергетска криза е неизбежно, додаваат од компанијата.