Тренчевска во Женева ќе го презентира македонскиот извештај по Конвенцијата на ООН за правaта на детето
Министерката Тренчевска ја предводи македонската делегацијата, во чиј состав се претставници на министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни и надворешни работи, за образование, здравство и правда.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Женева ќе го презентира македонскиот извештај по Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.
Министерката Тренчевска ја предводи македонската делегацијата, во чиј состав се претставници на министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни и надворешни работи, за образование, здравство и правда.
Тренчевска пред Комитетот за правата на детето во Женева ќе има обраќање денеска во попладневните часови.
