Обвинителство

Пеливанов на местото на Русковска

29.08.2022 14:09

На денешната седница Советот за јавни обвинители го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на досегашната шефица, Вилма Русковска...

Обвинителот Трајче Пеливанов на местото на Вилма Русковска. Ќе раководи со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако Советот на јавни обвинители го потврди решението на републичкиот обвинител Љубомир Јовески за суспензија на обвинителката Вилма Русковска.

Пеливанов ќе ја извршува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал, со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември.

Пеливанов беше дел од тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство четири години, од 2015-та до 2019-та година.