Во продолженијата, стартни победи на ЦСКА и Макаби
Во Евролигата синоќа се комплетираа натпреварите од првото коло од “плеј оф“ дуелите од четвртфиналето. Во Москва екипата на ЦСКА дури по продолжението од пет минути го победи Панатинаикос со 77 : 74, откако во регуларните 40 минути резултатот беше 72 : 72. Вимс постигна 21 поен, Криапа оствари “дабл дабл“ со 17 поени и 11 скокови, а кај гостите Ласме и Мачиулис забележаа по 14 поени.

Дополнителни минути се играа и во Милано каде што се постигнаа вкупно 200 поени, но трилер завршницата ја доби Макаби со 101 : 99, што е прва за гостинските екипи во четвртфиналната рунда. Емпорио Армани влезе во последниот период со 12 позитива, но Израелците ја анулираа на 87 : 87 по 40 минути игра. На крајот се радуваа, најмногу благодарение на Хикман кој мечот го заврши со 26 поени и стонастотен ефект од трите обиди за тројка, како и од деветте слободни фрлања. Залудно беше што шестмина кошаркари кај Италијанците беа двоцифрени, а најефикасни беаЛангфорд со 18 поени и Самуелс со 17.
Во серијата до три добиени, реванш натпреварите се играат утре одново во Москва и во Милано, а вечерва се вторите мечеви во другите пресметки во кои се среќаваат Барселона – Галатасарај и Реал Мадрид – Олимпијакос.