Собрание

Пратениците се враќаат на работа

29.08.2022 14:33

По речиси едномесечниот колективен летен одмор, пратениците од утре се враќаат на работа. Спикерот Џафери ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи, на која треба да се договори динамиката на работа. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски за МТВ потврди дека нема да присуствува на состанокот...

Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, според најавите, утре треба да одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да присуствуваат на координацијата, вели координаторот Мицевски. Упатуваат на недоследност во спроведувањето на договореното. 

„Собраниското мнозинство продолжува со неконзистенстноста на договорите од координација, како пример закажувањето на пленарна седница на 29-ти јули кога се продлжи со изборотот на потпретседател на Собранието“, изјави Мицевски.

Во однос на работата на Собранието ќе бараме информација за сите кризни состојби кои се прогласени од владата, а сите се со една цел избегнување на јавност и дебата по истите на пленарните седници, вели кординаторот на ВМРО- ДПМНЕ. ОД ВМРО-ДПМНЕ потенцираат и дека сме рекордери во Европа по одобрени кризни состојби. 

Во СДСМ реагираат- не знаат за какви изигрувања зборуваат колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Како што сме се договориле на координацијата, било спроведено во целост, вели координаторот на СДСМ, Митрески.

„Очигледно опозицијата има намера да продолжи по истиот пат, пат кој носи штета за граѓаните“, изјави Митрески.   

Тој потенцира дека е сепак неминовно отворањето на разговорите за сите заостанати точки и следно делување.

Последната седница на пратениците се одржа на 29-ти јули, по што заминаа на годишен одмор.  

 

Игор Панов