Европска унија

Шолц се залага за проширување на ЕУ

29.08.2022 14:54

Според него, потребно е носење одлуки од страна на мнозинството, посилна соработка во одбраната и казни за кршење на владеењето на правото, се со цел да се подготви за прием на нови членови.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, говорејќи на предавање за иднината на Европа во Прага се заложи за проширување на Европската унија. Според него, потребно е носење одлуки од страна на мнозинството, посилна соработка во одбраната и казни за кршење на владеењето на правото, се со цел да се подготви за прием на нови членови.

„Јас се залагам за проширување на Европската унија и вклучување на државите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и, во иднина, и Грузија“, нагласи Шолц.

Шолц, исто така, предложи нов систем за противвоздушна одбрана во Европа со кој би се зајакнал европскиот столб на НАТО.