Македонија

Заврши обдукцијата врз телото на 25- годишниот беровец

29.08.2022 14:56

Вонредниот инспекциски надзор во штипската болница е завршен, а од Државниот здравствен и санитарен инспекторат проддолжуваат со увид во документацијата кај матичните лекар и стоматолог, како и во беровската брза помош.

Извршена е обдукцијата врз телото на младиот беровец Јован Димовски, кој почина од сепса. Штипското Јавно обвинителство го чека извештајот од Судска медицина.

Вонредниот инспекциски надзор во штипската болница е завршен, а од Државниот здравствен и санитарен инспекторат проддолжуваат со увид во документацијата кај матичните лекар и стоматолог, како и во беровската брза помош.

Дополнително, Министерството за здравство формира комисија за стручен надзор за случајот.

Младиот Јован почина пред шест дена на КАРИЛ каде бил донесен во многу тешка состојба. Веста за смртта на 25-годишното момче се прошири по социјалните мрежи откако негови блиски објавија сведоштво дека Јован починал откако му ставиле дрен наопаку, а тоа предизвикало сепса.