Пинто сака да замине

17.04.2014 14:55

Голманот на Барселона Хозе Мануел Пинто сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, кога и му истекува договорот. Андалузиецот бил разочаран од однесувањето на кон него по повредата на првиот чувар на мрежата Виктор Валдез, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.Навивачите не му искажуваат поддршка сметајќи дека е премногу ризичен, а целата ситуација може да му нанесе штета на каталонскиот клуб којшто е под забрана да прави трансфери на фудбалери во наредните два циклуса.

Голманот на Барселона Хозе Мануел Пинто сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, кога и му истекува договорот. Андалузиецот бил разочаран од однесувањето на кон него по повредата на првиот чувар на мрежата Виктор Валдез, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.Навивачите не му искажуваат поддршка сметајќи дека е премногу ризичен, а целата ситуација може да му нанесе штета на каталонскиот клуб којшто е под забрана да прави трансфери на фудбалери во наредните два циклуса. Од друга страна, пак, токму таа непријатна ситуација може да му донесе и понуда за нов договор на Пинто затоа што Барселона нема голем маневарски простор, а од неа се очекува брзо да реагира на сезоната којашто извесно е дека ќе биде неуспешна. Каталонскиот гигант претрпе елиминација од Атлетико во Лигата на шампионите, а вчера го загуби финалето на Кралскиот куп од големиот ривал Реал, така што на трофеј може да се надева единствено во шпанскиот шампионат. Во него прв е Атлетика со три бода предност пред Реал и четири пред Барселона.

Пинто дојде пред шест години на „Камп ноу“, но постојано е резерва и не е омилен лик, па се шпекулираше дека Барселона е насочена кон голманот на Борусија Менхенгладбах Марк Андре тер Стеген.