Македонија
На „Табановце“ се чека половина час
30.08.2022 08:24
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен, соопштува АМСМ.
