Партии

СДСМ: Државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата

30.08.2022 08:53

Со мерките се одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните, соопштуваат од партијата.

Во пресрет на прогнозираната тешка зима, во услови на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, институциите предводени од СДСМ преземаат навремени и ефикасни политики против ударот на глобалната криза.

Со мерките се одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните, соопштуваат од партијата.

Приоритет на државата е да го заштити стандардот на граѓаните и семејните буџети. Затоа домаќинствата за сметките за струја плаќаат околу 20 отсто, а над 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата.

Домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Од почетокот на септември започнуваат задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто, велат од СДСМ.