Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже кој е планот на Владата за сиромаштијата во која ја турнаа земјата

30.08.2022 09:27

Во услови кога граѓаните се соочуваат со галопирачка инфлација, цените на прехранбените производи и нафтените деривати вртоглаво растат, владата ја зголеми цената на струјата за граѓаните за 50 процени, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Ковачевски и власта живеат во луксуз и раскош на државна сметка, додека граѓаните живеат во сиромаштија и беда. Во услови кога граѓаните се соочуваат со галопирачка инфлација, цените на прехранбените производи и нафтените деривати вртоглаво растат,  владата ја зголеми цената на струјата за граѓаните за 50 процени, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поради неспособноста на антимакедонската СДС и Ковачевски граѓаните сега ќе плаќаат дупло поголеми сметки, бидејќи власта ја направи Македонија со најскапа струја во Европа. И згора на тоа, наместо антимакедонската СДС и Ковачевски да им понудат помош на граѓаните, најавуваат ново покачување на струјата, што дополнително ќе удри по џебот на граѓаните, велат од партијата.

Додаваат дека владата и Ковачевски удираат и врз бизнис секторот. Секаде во светот бизнис секторот се помага во време на криза од страна на државата, а само во Македонија со Ковачевски и антимакедонската СДС приватните компании се на удар.

Од партијата нагласуваат дека оваа влада мора да падне. Излез се предвремени парламентарни избори.