Вучиќ: Се води војна меѓу Истокот и Западот преку посредници
„Србија е сцената на која преку посредници се води војна меѓу Истокот и Западот“, изјави претседателот Александар Вучиќ, ден откако противниците на парадата на гордоста вееја руски знамиња низ улиците на Белград и носеа слики од рускиот претседател Владимир Путин.

Во однос на спорот меѓу Белград и Приштина за пререгистрацијата на возилата од српски на косовски регистарски таблички, за што рокот од два месеци започнува на 1 септември, Вучиќ вели дека не верува дека Приштина сака сериозен дијалог.
„Оние земји кои ја штитат таканаречената независност на Косово ќе го убедат режимот во Приштина да не си игра со конфликтот во регионот, кој секако е полн со проблеми“, додаде Вучиќ.
Во наредните недели се очекуваат дополнителни разговори и „шатл-дипломатија“ меѓу претставниците на ЕУ и САД, со цел да се реши проблемот со регистарските таблички.
Србија е речиси целосно зависна од рускиот гас, купува оружје и од Русија, додека Кина инвестира многу во Србија, главно во рударството и инфраструктурата.
Иако во ОН ја осуди руската инвазија на Украина, таа одби да се приклучи на санкциите против Москва.