Несреќа во Бугарија

Бугарската обвинителка бара уште распити на преживеани и роднини за автобуската несреќа

30.08.2022 10:52

Причина, вели Милева, е тоа што досегашната истрага утврдила нови факти поврзани со тоа што се случило во трагичната ноќ...

Бугарската обвинителка Сијка Милева бара од македонските колеги уште распити на преживеани и роднини за автобуската несреќа. Сопрена е предистражната постапка. Причина, вели Милева, е тоа што досегашната истрага утврдила нови факти поврзани со тоа што се случило во трагичната ноќ.

Таа објасни дека е подготвена втора молба за правна помош до македонските иследници. Тие треба да разговараат со сведоците на катастрофата, како и со наследниците на настраданите.

Според бугарските закони, ако побараат ќе можат да ги добијат материјалите од истрагата, рече Милева. Досега биле испитани во Бугарија 30 сведоци, на ред е македонското обвинителство.